Фото: Бред Пит изненади со нов имиџ на бејзбол натпревар

30.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Бред Пит изненади со нов имиџ на бејзбол натпревар

Славниот актер ја покажа својата најнова трансформација за време на четвртиот натпревар од финалето на Светската серија на Американската лига за бејзбол, на стадионот Доџерс во Лос Анџелес.

Пит се појави со подолга, неуредна руса коса, сиви бакенбарди и впечатливи мустаќи, пишува E!Online.

На фотографија од натпреварот, облечен во бел дрес на Доџерс, тој позираше со басистот на Ред Хот Чили Пеперс, Фли.

Бред и неговиот пријател Фли  го следеа дуелот меѓу домашниот тим од Лос Анџелес и Торонто Блу ​​Џејс, во кое канадскиот тим на крајот победи со резултат од 6-2.

Новиот излед на Бред е чиста спротивност од имиџот на 61-годишниот актер што Бред го имаше во јуни на премиерата на неговиот филм F1: The Movie.

Кога го прашале за причината за бричењето на главата, Пит во тоа време за списанието People изјавил: „Тукушто завршив со работа. Тоа е за лик што го правевме“.

Инаку, со новиот имиџ Бред уште еднаш потврди дека нема проблем често да го менува изгледот и дека во последните две децении  многу често  го менува стилот со што ја потврдува титулата вистински мајстор на трансформацијата .

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата