Фото: Александра Пријовиќ за прв пат во јавноста по породувањето

15.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Александра Пријовиќ за прв пат во јавноста по породувањето

Ѕвездата на регионалната музичка сцена присуствуваше на свадбата на својот колега, српскиот пејач Урош Живковиќ, во Белград, каде што блесна во елегантен фустан и привлече големо внимание од присутните.

За оваа свечена пригода, популарната Прија избрала црно одело со сиви пруги кои ја истакнуваа нејзината витка фигура и деколте. Многумина забележаа дека Александра изгледа одлично веќе еден месец по породувањето.

На 3 септември Александра роди девојче по име Арија во приватна клиника во Белград, а двојката веќе има син, Александар.

Пејачката се огласи на социјалните мрежи кратко по породувањето, каде што сподели емотивна фотографија на која ја држи раката на својата новородена ќерка.

Таа кратко напиша покрај фотографијата: „Животот ни даде сè“, заедно со емотикон во форма на розово срце.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата