Фото: Актерка која обожува разголени фустани

30.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Актерка која обожува разголени фустани

 Холивудската убавица обожава да биде провокативна, но умерено, па некои дури и ја обвинуваат дека е премногу секси.

Дакота се смета за една од најсмешните познати личности, а неодамна привлече внимание со изјава за мажите.

Сепак, многу повеќе во центарот на вниманието се нејзините заголени фустани, по што е препознатлива, а за ова зборуваше во интервју за германското издание на „Вог“.

Еден новинар ја прашал дали проѕирниот фустан можеби е премногу секси, а Дакота имала подготвен одговор.

„Навистина не ми е гајле. Имав можност да носам некои од најубавите фустани и се чувствувам убаво во нив, па затоа ги носам. Понекогаш тие фустани ми стојат добро, но има и такви што не изгледаат добро. Ако најдам убав фустан во кој се чувствувам удобно, секако дека сакам да го носам. И забавно е да се носи секси фустан“, рекла актерката.

Дакота Џонсон најмногу блеска во креациите на модната куќа Гучи, а како што истакна, нејзината мајка, поранешната ѕвезда во Холивуд, актерката Мелани Грифит, уште од мали нозе и ја развила силна слика за нејзиното тело.

„Мајка ми беше многу отворена во врска со телото. Нè научи како да се грижиме за нашите тела и да ги сакаме и мислам дека тоа е навистина важно за едно младо девојче бидејќи постојано ни се вели дека не сме доволно добри“, рече Дакота.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата