Џенифер Анистон со своето ново момче пристигна на премиера

10.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џенифер Анистон со своето ново момче пристигна на премиера

 Парот, чија врска беше потврдена во јули, се појави на настан во Музејот на модерна уметност во Њујорк, едно од нивните први заеднички јавни појавувања, според „Пипл“.

Додека Анистон позирала за фотографите во елегантен црн фустан со колегите Рис Витерспун, Били Крудап и Марк Дуплас, Џим Кертис гордо ја бодрел од страна.

Тој на премиерата пристигнал во кежуал издание со црна блуза и панталони.

Поддршката од Кертис на премиерата дојде кратко откако Анистон се појави јавно да ја објави нивната врска на својот Инстаграм профил. На 7 септември, актерката објави серија фотографии на кои се збогува со летото, а меѓу нив беше и една што особено го привлече вниманието на обожавателите. Фотографијата од зајдисонце го покажува грбот на мистериозен маж, а многумина заклучија дека тоа е Кертис, толкувајќи ја објавата како потврда за нивната романса.

Двојката првпат е забележана заедно во јули додека беа на одмор на Мајорка, каде што уживале во одмор на јахта со пријатели.

Извор за „Пипл“ изјави дека „се заедно неколку месеци“.

„Ги запозна пријателка и почнаа како пријателки. Џен ја прочитала неговата книга и била запознаена со неговата работа“, додаде изворот, осврнувајќи се на кариерата на Кертис како автор и лајф коуч. „Тој е многу различен од секој со кого таа некогаш излегувала“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата