Диди се лекува од дрога и работи во капела во федералниот затвор „Форт Дикс“

11.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Диди се лекува од дрога и работи во капела во федералниот затвор „Форт Дикс“

Диди, имено, работи во затворската капела и посетува програма за лекување од дрога, покажуваат затворските записи.

Како што пренесува „Си-би-ес“ (CBS), Комбс, исто така, се соочува со дисциплински мерки за недозволен телефонски повик, што може да води до привремено губење на неговите права на телефон и продавница во затворот. Повиците биле упатени до повеќе луѓе, отколку што дозволуваат затворските правила, иако Комбс тврдел дека имало еден повик со неговиот правен тим и за соопштение за медиумите.

Мината седмица се проширија и информации дека Диди во затворот бил фатен со „домашно направен напиток“ од алкохол. Раперот ги отфрли тие наводи. 

Комбс е запишан и во „Програмата за лекување од злоупотреба на дрога“ (РДАП), најинтензивната програма за рехабилитација од дрога во затворот, којашто може да му ја намали казната до една година. Неговата претставничка рече дека раперот е „активно вклучен во неговиот процес на рехабилитација“ и оти е сосредоточен на промени кон подобро.

За време на судењето, Комбс изјави дека неговите проблеми со дрога и алкохол се главната причина за неговите постапки, истакнувајќи дека сега, првпат по 25 години, е трезен.  

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата