Брижит Бардо демантира лажни вести: Не знам кој идиот напишал дека сум мртва

23.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брижит Бардо демантира лажни вести: Не знам кој идиот напишал дека сум мртва

91-годишната актерка лично објави на својот X профил за да стави крај на шпекулациите што ги започна еден инфлуенсер, пишува People.

Во објава напишан на француски јазик во среда, 22 октомври, Бардо рече: „Не знам кој е идиотот што ја започна оваа „лажна вест“ за моето исчезнување, но знајте дека сум добро и немам намера да си одам. Доста за паметните.“

Гласини по хоспитализацијата

Нејзината изјава дојде откако 27-годишниот инфлуенсер од Акаба, чие вистинско име е Анис Зитуни, тврдеше во сега избришана објава дека Бардо починала. Тој тврдеше дека има „ексклузивни информации“ и дека „нејзиниот ковчег е нарачан“, додавајќи дека „иконата починала, оставајќи зад себе незаборавно наследство“.

Овие гласини се појавија околу една недела откако францускиот весник Var-Matin објави дека актерката била хоспитализирана речиси три недели во Тулон, каде што била оперирана.

Откако Бардо ја негираше веста, инфлуенсерот продолжи со своите тврдења, наведувајќи дека тој не го управува својот профил на социјалните мрежи. „Го избришав мојот ексклузивен твит за смртта на Брижит Бардо. Таа не е таа што го води нејзиниот Твитер, ќе видите кога АФП официјално ќе ја објави смртта“, напиша тој.

Потврдена добра состојба

Иако извори за Вар-Матен претходно ја опишаа нејзината состојба како „загрижувачка“, тие посочија дека се очекува да се врати дома во Сен Тропе. Канцеларијата на Брижит Бардо на 17 октомври потврди за француската новинска агенција АФП дека нејзината „мала операција“ поминала добро.

Во соопштението се вели дека Бардо им се заблагодарила на персоналот и хируршкиот тим во болницата Тулон и сега се одмара дома.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата