Ана Николиќ претепана од нејзиниот партнер, српската пејачка објави шокантна снимка (ВИДЕО)

24.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ана Николиќ претепана од нејзиниот партнер, српската пејачка објави шокантна снимка (ВИДЕО)

Пејачката Ана Николиќ предизвика јавна загриженост откако објави видео на социјалните мрежи во кое се прикажани последиците од она што таа го тврди дека е физичко насилство што го претрпела од композиторот и емотивен партнер Горан Ратковиќ Рале, објави Телеграф.

Во видеото се гледа Ана со модринки на главата и лузни на нозете, како и делови од нивниот разговор во неговиот стан.

- Колку чини сè, долг...? - извика Ана.

- 40 илјади евра - рече тој.

- Од кога? - праша таа.

- Од денес - одговори Рале.

- Чинам милијарда! - додаде Ана, не можејќи да се смири.

Пејачката потоа потврди дека повеќе не сака да го види Рале.

- Го оставив клучот кај него дома, полицијата е кај него. Не сакам повторно да одам во таа куќа, дури ни мртва. Не сакам повеќе да го видам со свои очи. Ова е крајот, го пријавив во полиција, доста е - изјави Ана Николиќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата