Пријателите велат дека долго време не ја виделе да се смее толку многу.
Помалку филери, повеќе природен сјај
Според извори блиски до пејачката, Акиме ја убедил Мадона да ги намали агресивните козметички третмани што ја шокираа јавноста на доделувањето на Греми наградите во 2023 година со затегнато и подуено лице.
„Тој постојано ѝ кажува дека е убава токму таква каква што е, а за разлика од другите, таа навистина го слуша. Сега сака да ги прифати своите години и да изгледа поприродно“, открил пријателот.
Затоа Мадона се свртела кон третмани како што се LED терапија, кислородни и лимфни масажи, кои ја враќаат свежината на нејзиното лице, без промени што ги бришат нејзините препознатливи црти на лицето.
Роденденска забава во Тоскана
За прославата таа избра вила од бајките од 16 век, во сопственост на музичарот Стинг. Во друштво на Акиме и нејзините деца – Рока (25), Лурд (28), Мерси (19) и близначките Стела и Естер (12) – Мадона уживаше во коњски трки во Сиена, танцуваше и славеше со торта во облик на популарната кукла Лабубо, облечена во верзија на нејзиниот познат „конусен градник“.
Единствениот син кој не присуствуваше на прославата беше Дејвид Банда (19).
Љубов или само друштво?
Пријателите признаваат дека Акиме можеби не е „љубовта на животот на Мадона“, но дека најважно за неа сега е да има некој што е тука за неа.
„Таа вели дека не ѝ треба уште еден „момче- играчка“, туку некој што ќе биде тука за неа кога не може да спие. Акиме ја забавува, ја прави да се смее и ѝ ја враќа младешката енергија – и затоа е толку важен за неа“, истакна изворот.
Нова музика како лек
По тешка бактериска инфекција во 2023 година, кога заврши во вештачка кома, и смртта на нејзиниот брат Кристофер во декември минатата година, Мадона повторно се сврте кон музиката.
Таа моментално е во Лондон каде го снима продолжението на нејзиниот легендарен албум „Confessions on a Dance Floor“ од 2005 година, со работен наслов „Confessions 2“. Сè уште нема официјален датум на издавање, но пејачката го опишува како „терапија преку танц“.
„Првиот албум беше за бегство, овој е за преживување. Сè низ што поминала во последните години го преточила во песни и вели дека музиката е најдобриот лек за неа“, открива пријател.
Документарен филм
Покрај музиката, Мадона работи напорно и на серија за нејзиниот живот, која треба да ја продуцира Нетфликс. Иако борбата за креативна контрола сè уште трае, пејачката сака приказната да биде верна на нејзиното животно патување, и се надева дека добитничката на наградата Еми, Џулија Гарнер, ќе ја оживее со улогата.
„Таа си водеше белешки со години и сега е подготвена да ги сподели со светот, но сака да ја задржи контролата врз сопствената приказна“, откри пријателот.