Зидан со порака: Наскоро се враќам…

11.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зидан со порака: Наскоро се враќам…
ФОТО: Real MadridFC/X

По речиси четири години од како за последен пат го предводеше Реал Мадрид од клупата, легендарниот Зинедин Зидан деновиве најави дека наскоро повторно ќе се врати како тренер и дека ќе преземе некој тим.

Да потсетиме дека во изминатите 2-3 години неговото име се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Баерн Минхен, клубови од С. Арабија па дури и можно враќање на “Сантијаго Бернабеу“, но ништо од тоа не се оствари.

На прашањето кога би можело тоа да се случи, Зидан одговори:

Тоа ќе се случи наскоро, многу наскоро“.

Е, сега дали мислеше на селекторската клупа на Франција која ќе биде исопразнета по завршување на СП 2026 или на некој клуб, тоа само тој го знае.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата