Зидан си кажа: Фудбалер кој буди најголеми емоции кај мене е…

13.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зидан си кажа: Фудбалер кој буди најголеми емоции кај мене е…
ФОТО: Real MadridFC/X

Ниту Килијан Мбапе, ниту Усман Дембеле, иако овој вториот недоамна ја освои „Златната топка“. Според Зинедин Зидан, барем индиректно тоа го кажа, најдобар бил Ламине Јамал.

Тоа наиде на мало негодување во Франција, ама Зизу како и секогаш и сега е искрен:

Играчот кој буди најмногу емоции кај мене кога ќе ја допре топката е Ламин Јамал. Против Интер минатата сезона, на „Џузепе Меаца“, тој правеше што сакаше. Никогаш не сум видел нешто слично во мојот живот. Тоа второ полувреме против Интер е нешто неверојатно. Да се види некој што ја контролира играта така, настаните на теренот, едноставно неверојатно. Секогаш ме возбудува“, рече Зидан.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата