Во пресрет на „Ел Класико“ наредниот викенд, секако дека допрва ќе се разгоруваат страстите во Шпанија, а посебно по се она што се случуваше на мечот Барса – Џирона, кој го доби составот на Ханси Флик со 2:1.
Медиумите кои го преферираат Реал Мадрид бараат тренерот на Барса да се казни со најстрога казна, од 4-8 меча, поради начинот на кој Флик се израдува на победничкиот гол на Араухо.
Медиумите во Каталонија пак посочуваат дека за се е виновен судијата Хил Манзано, и посочуваат дека во Шпанија само три работи се сигурни.
Мора да се плати данокот, мора да се умре и мора Манзано да покаже црвен картон на Барса. А ако се земе статистиката, веројатно имаат право. Имено досега Манзано кога и судел на Барса покажал неверојатни 13 црвени картони.
Инаку јасно е дека поради исклучувачкиот картон, Ханси Флик нема да го води својот тим на “Сантијаго Бернабеу“ наредниот викенд.