Такви се вестите од Мадрид денеска кои велат дека англискиот интернационалец го одработил целиот денешен тренинг, и дека тој 99% ќе биде подготвен за настап следниот викенд кога е закажано големото ЕЛ Класико дерби против тимот на Барселона. Во прашање беше повреда на листот која очигледно е санирана.
Во меѓувреме пак, Давид Алаба е сè уште надвор од теренот по натпреварот со Хетафе и ќе биде подложен на тестови. Хујсен сè уште не е вратен, а единствените здрави дефанзивци се Милитао и Асенсио.
Сето ова значи дека Александер Арнолд и тоа како му е потребен на тимот во веројатно највжниот меч во овој дел од сезоната за Мадрид.
🚨 BREAKING: Trent could be called up vs JUVENTUS!
He completed the first part of training today. @carlitosonda pic.twitter.com/UMMRRJmsYC
— Madrid Xtra (@MadridXtra) October 20, 2025