Тимур Дибиров беше избран од страна на фановите за нов крал на СЕХА-лига. Ова признание веќе три години по ред го добиваат ракометарите на Вардар. Пред две години беше Лука Циндриќ, минатата година Игор Карачиќ, додека третата круна ја доби рускиот интернационалец во редовите на македонскиот тим.
Дибиров денеска по завршување на официјалната прес-конференција пред утрешното полуфинале на Ф4 завршницата во Задар беше и официјално крунисан.