Србија со 0:1 славеше во Рига, ама во 90+2.минута Летонците ја погодија стативата на гостите!

6.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Србија со 0:1 славеше во Рига, ама во 90+2.минута Летонците ја погодија стативата на гостите!
ФОТО: FSS/FB

Уф, каква среќна победа за Србија и нејзиниот селектор Драган Стојковиќ Пикси, во меч од квалификациската група К. Летонија – Србија 0:1 и тоа со голот на Душан Влаховиќ. Србите не блескаа, ама ја имаа контролата на настаните, но се можеше да биде поинаку кога Летонците во 90+2.минута ја погодија стативата на гостите.

Нема што среќна победа, нови три бода, но и многу грижи за Пикси во пресрет на дерби мечот со Англија на “Маракана“ во Белград за три дена.

Летонија може само да жали што не успеа да дојде до бод.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата