Солзите на Скалони: Најголемиот во историјата веројатно за последен пат игра за Аргентина!(ВИДЕО)

4.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Солзите на Скалони: Најголемиот во историјата веројатно за последен пат игра за Аргентина!(ВИДЕО)

Во пресрет на квалификацискиот меч за СП 2026 со Венецуела, емотивно беше на прес – конференцијата на Лионел Скалони, селекторот на Аргентина.

Имено познато е дека кариерата на Лео Меси е при крај, а можеби овој меч ќе биде и последен за него во дресот на “гаучосите“ на домашен терен, ако се знае дека СП 2026 ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

Веројатно оваа средба ќе биде историска на “Монументал“ во Буенос Аирес, па секако дека и Скалоно имаше свој коментар а протече и некоја солза.

Сепак, станува збор за најголемиот на сите времиња…


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата