Одличен гостински триумф на тимот на Селта попладнево на гостувањето кај Леванте во рамките од новото Примера коло кое се игра викендов. Гостите на овој дуел триумфираа со 1:2, во меч во кој слободно може да се каже дека нештата во целост одеа во нивна корист.
Најпрво домаќинот остана со играч помалку откако во 27. минута беше исклучен Венцедор. Потоа Ета Ејонг промаши пенал за Леванте и пропушти шанса да донесе водство.
Конечно, казната стигна преку Мингуеза во 40. минута од првиот дел кога гостите дојдоа до 0:1.
Изедначувањето пристигна во 66. минута преку Ариага, и кога сите мислеа дека возбудувањата на овој меч завршија Мигел Роман во првата минута од судиското продолжение на мечот го постигна победничкиот тол за Селта.

