Се огласи Премиер лигата: Немаше пенал за Ливерпул, судијата одлучи правилно (ВИДЕО)

19.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се огласи Премиер лигата: Немаше пенал за Ливерпул, судијата одлучи правилно (ВИДЕО)

Неполн час по завршувањето на дербито на колото, Премиер лигата ја потврди одлуката на судијата Мајкл Оливер да не досуди пенал за Ливерпул во првиот дел од мечот со Манчестер Јунајтед.

Во 18-тата минута од натпреварот по една нафрлена топка во шеснаесетникот на „црвените“ ѓаволи“, топката го удри во раката фудбалерот на гостите, Амаду Диало.

Судијата не досуди пенал што беше дочекано на „нож“ од домашните навивачи.

„Одлуката на судијата да не досуди пенал беше разгледана и потврдена од ВАР. Раката на Амаду беше во природна и оправдана положба“, се вели во соопштението на Премиер лигата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата