Екипите на Сандерленд и Евертон ремизираа со резултат 1:1 во вечерашниот натпревар од Премиер Лигата. Домашниот тим продолжи со одличната серија во највисокиот ранг на англискиот фудбал и остана во ТОП-4 и по 10 одиграни натпревари.
Евертон поведе уште во 15-тата минута со голот на Илиман Ндиаје, но на самиот старт на вториот дел Гранит Џака донесе изедначување за „црните мачки“. До крајот на натпреварот немаше некои поголеми возбудувања и натпреварот заврши со нерешен резултат.
Сандерленд се наоѓа на 4-тата позиција на табелата со 18 бода, исто толку има и третопласираниот Ливерпул, а само еден бод повеќе има Манчестер Сити кој е на второто место. Евертон, пак, се наоѓа на 14-тото место со 12 бода.

