Сака добива договор за преку 300.000 фунти неделно

15.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сака добива договор за преку 300.000 фунти неделно

Заслужи играчот на Арсенал, Букајо Сака да биде еден од најплатените играчи не само на неговиот тим туку и во целата Премиер лига. Офанзивецот е дете на клубот има статус на сериозен лик во соблекувалната, и нормално е да биде третиран како што треба.

Новиот негов договор е веќе тема извесен период, а според информациите според истиот Сака ќе треба да заработува над 300.000 фунти неделно. Што секако го прави еден од најплатените во клубот, а и во Англија.

Вилијам Салиба беше првата цел на менаџментот на клубот, во однос на тоа дека треба да се задржи по секоја цена, а со истиот третман ќе биде одработен и Букајо Сака.

Сака веќе има 277 мечеви за Арсенал со 76 голови и 71 асистенција.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата