Белгија пропушти денеска да осигура пласман на СП!

15.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Белгија пропушти денеска да осигура пласман на СП!
ФОТО: Belgian Red Devils/FB

Дури сега се гледа колку ни значат тие два бода од мечот со Велс во Скопје. Имено денеска во Астана селекцијата на Белгија одигра само 1:1 со домашната селекција на Казахстан и со тоа пропушти да осигура пласман на СП 2026. Јасно е дека Белгија во вторник дома ќе го победи Лихтенштајн и ќе оди диртктно на Мундијалот, но се ќе беше поинаку ако Македонија не дозволеше во последната секунда да прими гол со Велс и не дозволеше “кикс“ со Казахстан дома.

Инаку Казахстан поведе со голот на Сатпаев во 9.минута, а Белгија израмни и се спаси од пораз со голот на Ванакен на почетокот од второто полувреме.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата