Репрезентативците на Саудиска Арабија добија огромна награда за пласманот на СП

16.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Репрезентативците на Саудиска Арабија добија огромна награда за пласманот на СП
фото: Saudi NT_EN (X)

Репрезентацијата на Саудиска Арабија се пласираше на своето трето последователно светско првенство и докажа дека е една од најсериозните репрезентации на азискиот континент. Селекцијата која е предводена од францускиот стратег Ерв Ренар одигра нерешено со репрезентацијата на Ирак и обезбеди пласман на ново СП.

За овој успех владата на Саудиска Арабија одлучи да ги награди репрезентативците со неверојатни 5 милиони саудиски реали или 1 милион евра по фудбалер. Дефинитивно најзаслужен за оваа голема сума е принцот Абдулазиз Ајфајсал кои воедно е и министер за спорт. По завршувањето на натпреварот против Ирак тој заедно со фудбалерите на теренот го прослави големиот успех на репрезентацијата.

Во секој случај оваа голема сума не е изненадување кога во предвид ќе се земат астрономските суми кои саудијците ги трошат на странски фудбалери.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата