Реал Мадрид заинтересиран за младиот талент на Кристал Палас

22.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реал Мадрид заинтересиран за младиот талент на Кристал Палас
фото: WMax11 (X)

Според информациите кои ги објави шпански „Ас“, Реал Мадрид е заинтересиран за младиот англичанец Адам Вортон. 21-годишниот фудбалер на Кристал Палас би бил замена за Крос и Модриќ во редовите на „кралскиот клуб“.

Сепак, за потпис на Вортон, Реал ќе мора да издвои најмалку 80 милиони евра. Ова значи дека доколку „кралевите“ сакаат да го потпишат Вортон, најпрво ќе мора да се ослободат од еден или двајца фудбалери. Главен кандидат за заминување од Мадрид е бразилецот Родриго. 24-годишниот бразилски фудбалер не е меѓу главните фудбалери во плановите на Чаби Алонсо и се чини дека сезонава тој нема да биде стандарден првотимец.

Освен Реал, неколку англиски клуба се заинтересирани за потписот на младиот Вортон. Некои од главните кандидати за неговиот потпис се М. Јунајтед, Ливерпул и М. Сити.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата