Реал Мадрид е најомразениот клуб во Шпанија!

17.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реал Мадрид е најомразениот клуб во Шпанија!
фото: Real Madrid CF (X)

Реал Мадрид е “кралски“ клуб. Реал Мадрид е најголемиот и најспектакуларниот клуб во светот, но во Шпанија освен неговите фанови речиси никој не го “мириса“ премногу.

Ова доаѓа по една анализа во врска со социјалните мрежи. Според најновата анализа на Шпанската опсерваторија за расизам и ксенофобија, најмногу негативни коментари се даваат за Реал Мадрид и тоа 34%.

На второ место е Барселона со 32%,..

Кога сме кај играчите, тогаш убедливо на прво место е Ламине Јамал со дури 60% негативни коментари или он-лајн навреди. По него е Винисиус со 29%.

Овие податоци и тоа како ги загрижуваат властите во Шпанија, но и сите нормални луѓе. Сите стравуваат дека и тоа како во пораст е ксенофобијата и расизмот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата