Салах, Осимен и Хакими во трка за „Играч на годината на Африка“

17.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Салах, Осимен и Хакими во трка за „Играч на годината на Африка“

Мохамед Салах, Виктор Осимен и Ашраф Хакими се финалистите во изборот за фудбалер на горината на Африка, настан кој што е закажан за 19 ноември.

Тројцата имаа исклучително успешни сезони и изборот е на место. Салах ја освои титулата со Ливерпул, а беше и стрелец број еден во Премиер лигата.

Хакими, пак, имаше исклучително успешна сезона со ПСЖ, освојувајќи историска тројна круна и помагајќи му на Мароко да се квалификува за Светското првенство следната година.

Осимен е шампион на Турција со Галата, и во моментов е стрелец број еден во ЛШ.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата