Во најновото коло од Бундес лигата, односно на повеќето од мечевите од истото кое што се одиграа во нстандардниот пладневен саботен термин, резултатите не донесоа некоја сензација.
Тимот на Ред Бул Лајпциг ја одработи задачата како фаворит против Хамбргер на домашен терен и победи со 2:1.
Келн одигра само 1:1 на домашен терен против Аугзбург, додека Хаиденхаим не успеа да ја искористи предноста на домашните навивачи и одигра само 2:2, против Вердер.
Во голеадата во Маинц, домаќинот остана со празни раце откако Баер Леверкузен обезбеди триумф од 3:4, а Волвсбург ќе има огромни проблеми сезонава да опстане. Загуби со 0:3 од Штутгарт на домашен терен и им само пет освоени бодови досега.