ПСЖ ја победи Барселона пред три дена, а сега сака да и земе играч бесплатно

4.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПСЖ ја победи Барселона пред три дена, а сега сака да и земе играч бесплатно

Барселона го пречека ПСЖ во среда во второто коло од лигашката фаза на најелитното европско натпреварување – Лигата на шампионите. Каталонците поведоа на почетокот, но ПСЖ направи вистинско чудо на Монжуик и дојде до победа.

Луис Енрике славеше против својот поранешен клуб на овој начин, а сега три дена по овој голем натпревар, шпанскиот „СПОРТ“ носи вистинска ексклузива: ПСЖ е заинтересиран за услугите на дефанзивецот на Барселона – Ерик Гарсија.

Шпанецот има важечки договор со каталонскиот клуб до 30 јуни следната година, а доколку не потпише нов во следните два месеци – ПСЖ ќе се обиде да го купи.

Гарсија и Барселона немаа никакви конкретни состаноци за потпишување на нов договор, а парижаните внимателно ја следат целата оваа ситуација.
Гарсија претходно беше на прагот да се приклучи на Барселона, но Ханси Флик лично го запре неговиот трансфер во последен момент.

Според истиот извор, 24-годишникот би бил заинтересиран да остане кај актуелниот шпански шампион, но доколку тоа не е можно – ПСЖ би бил примамлива опција.

Гарсија би пристигнал на „Паркот на принцовите“ сосема бесплатно, односно како слободен агент по истекот на неговиот договор.

Покрај Барселона, дефанзивецот играше за Манчестер Сити, а една сезона помина како позајмен играч во Џирона. Има 19 настапи за шпанската репрезентација.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата