Пикси си оди, Станковиќ најголем фаворит за селектор на Србија?!

22.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пикси си оди, Станковиќ најголем фаворит за селектор на Србија?!
ФОТО: FS Srbije/FB

Сензационално или не, ама почнаа приказните да се шират во фудбалските кулоари во Србија. Имено иако Драган Стојковиќ – Пикси има важечки договор, ја има и довербата на претседателот Александар Вучиќ, тој сепак најавил дека има намера набргу да прифати една од понудите кои ги има од клубови во Турција.

Јасно е дека Пикси, и поради поддршката и блискоста со Вучиќ, е на удар во Србија, но исто така е јасно е дека во Турција би земал барем двојно поголема плата од онаа што ја зема како селектор на Србија, а таа била барем шпекулациите околу 1,5 милиони евра.

И веднаш шпекулации за тоа кој би можел да го наследи, а најголем фаворит за тоа е Дејан Станковиќ, тренерот на Локомотив Москва, кој е пред отказ во тој клуб од Русија.

Инаку фановите во Србија не се баш воодушевени од тоа легендарниот Сртанковиќ да го наследи Пикси.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата