Пауновиќ пред дуелот со Англија: За нас ова е финале!

13.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пауновиќ пред дуелот со Англија: За нас ова е финале!
фото: Fudbalski savez Srbije (X)

Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија, Вељко Пауновиќ, го најави претпоследниот квалификациски натпревар за Светското првенство против Англија, кој се игра вечерва во 20:45 часот на „Вембли“, како финале.

На овој натпревар, Србија мора да бара чудо бидејќи има еден бод помалку од Албанија, која е на второто место во групата, додека Англија веќе го обезбеди првото место и директен пласман на Светското првенство.

„Мораме да пристапиме кон натпреварот како да играме финале. Тоа е добрата страна на овој предизвик. Верувам дека Англија моментално е една од најдобрите репрезентации во светот и ќе биде меѓу фаворитите за освојување на Светското првенство. Со оглед на тоа каде се наоѓаме и дека ова може да биде нашиот последен натпревар, можеме да одиграме натпревар што ќе биде важен за историјата на нашиот фудбал. Знаеме дека играме против една од најдобрите репрезентации и убеден сум дека тие ќе излезат со најсилниот тим, но исто така верувам дека имаме причини за оптимизам бидејќи имаме многу играчи кои играат во Премиер лигата и на други врвни нивоа на светскиот фудбал“, изјавил Пауновиќ.

„Зошто да се потценуваме себеси? Ќе излеземе единаесет против единаесет“, дополнил новиот предводник на Србија.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата