Паладино е новиот тренер на Аталанта

11.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Паладино е новиот тренер на Аталанта

Рафаеле Паладино е новото име на клупата на Аталанта. По отказот кој што го доби хрватот Јуриќ деновиве, менаџментот на клубот се одлучи да му ја додели довербата токму на Паладино.

Паладино беше тренер на Фиорентина минатата сезона, но си замина во летото по несогласувања со раководството на клубот. Тимот од Бергамо освои само шест бода од последните осум натпревари во Серија А, што доведе до отпуштање на Иван Јуриќ.

По 11 натпревари во Серија А, Аталанта има 13 бода и е на 13-то место на табелата. Во следниот натпревар, тимот од Бергамо ќе гостува кај Наполи.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата