Ова е нов Тотенхем: Спарс славеа и на гостувањето кај Вест Хем

13.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова е нов Тотенхем: Спарс славеа и на гостувањето кај Вест Хем

Тотенхем со новиот тренер Томас Франк продолжи да реди победи. Во градското дерби вечерва, Спарс беа подобри на гостувањето кај Вест Хем со 3:0.

Головите во победата на гостите беа дело на Сар во 47-та минута, Бергвал во 57-та минута и Ван де Вен во 57-та минута.

Тотенхем со оваа нова игра под водство на новиот стратег ја нанижа и третата сезонска победа и јасно покажува дека има сериозни амбиции за место во ТОП 4 во Премиерлигата.

Вест Хем и вечерва не ги убеди своите навивачи дека оваа сезона лесно ќе се избори за опстанок во елитата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата