Ни Еди Хау не знае кога и дали Исак ќе се врати на тренинг во Њукасл

3.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ни Еди Хау не знае кога и дали Исак ќе се врати на тренинг во Њукасл
фото: Craig Hope (X)

Тренерот на Њукасл, Еди Хау го даде своето мислење во врска со трансфер сагата околу Александер Исак. Шведскиот репрезентативец не е дел од екипата на „страчките“ која игра пријателски натпревари во азиските држави и наводно побарал од клубот трансфер ова лето.

На прес-конференцијата по натпреварот против Тотенхем кој се одигра утрово, Хау зборуваше за иднината на шведскиот напаѓач. Тој призна дека не е сигурен во тоа дали Исак ќе се врати на тренинзите со своите соиграчи. Њукасл веќе одби една понуда од екипата на Ливерпул во вредност од 110 милиони фунти.

Исак ги пропушти подготовките со екипата на Њукасл и веќе неколку недели тренира самостојно во спортскиот комплекс на неговиот бивш клуб Реал Сосиедад.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата