Невиден скандал на крајот од лондонското дерби: Во центарот на вниманието – играчите на Тотенхем (ВИДЕО)

2.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Невиден скандал на крајот од лондонското дерби: Во центарот на вниманието – играчите на Тотенхем (ВИДЕО)

Тотенхем ги разочара своите навивачи синоќа бидејќи беа поразени од Челзи во големото градско дерби со 1:0, но она што особено ја остави јавноста без зборови беше сцената кога судијата означи крај на мечот.

Тренерот на домашниот тим Томас Франк влезе на теренот за да им каже нешто на некои од играчите, но двајца од нив целосно го исфрлија од рамнотежа.

Тоа беа Мики ван ден Вен и Џед Спенс, на кои тренерот Франк им се приближи и им рече нешто, но тие целосно го игнорираа и само поминаа покрај него.

Тренерот на Тотенхем, исто така, остана без зборови од таков потег и само ги погледна двајцата, и беше јасно колку е шокиран од она што го направија.

Англиските медиуми пишуваат дека навивачите на Тотенхем веќе почнале да покажуваат незадоволство од новиот тренер и бараат негово заминување, а она што се случи синоќа најдобро покажува дека ситуацијата во лондонскиот тим воопшто не е добра.

Ван де Вен и Спенс сигурно ќе бидат казнети за она што го направија, особено јавно затоа што видеото од таа ситуација стана хит на социјалните мрежи.

Тотенхем моментално е четврти на табелата во Премиер лигата со 17 бода, исто колку и Челзи, кој сега е петти. Тие заостануваат осум бода зад лидерот Арсенал.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата