Неверојатен хаос во САД: Луис Суарез плукна противнички тренер (ВИДЕО)

1.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Неверојатен хаос во САД: Луис Суарез плукна противнички тренер (ВИДЕО)

Синоќа беше одиграно финалето на Лига Купот во Соединетите Американски Држави, каде што Сиетл Саундерс славеше против Интер Мајами со резултат 3:0. Фудбалот падна во втор план поради случувањата по завршување на натпреварот.

Сите настани на теренот беа засенети од неверојатните сцени и хаосот што настана по мечот.

Најпрво на теренот настана целосна мешаница кога играчите на двата тима влегоа во голем судир меѓу себе.

Потоа на сцена стапи контроверзниот Луис Суарез, кој пред очите на сите присутни плукна еден од тренерите на Сиетл Саундерс.

Останува да видиме каква казна ќе следи за Уругваецот, но и за другите актери на овој хаос. Без сомнеж, таа ќе биде голема.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата