Во фантастично возбудлив натпревар, фудбалерите на Сандерленд успеаја да останат непоразени на домашен терен во дуелот со лидерот Арсенал, откако во судиското надополнување постигнаа гол за 2:2. Многумина се сомневаат во квалитетите на овој тим на Сандерленд, но „црните мачки“ уште еднаш покажаа дека играат во фантастична форма.
Домашните поведоа со голот на Даниел Балард во 36-тата минута и по 812 минути успеа да ја затресе мрежата на неприкосновениот Давид Раја. Сепак, Арсенал со пресврт беше многу блиску до триумф. Букајо Сака во 54-тата минута ја користи топката на Микел Мерино за 1:1, а Леандро Тросар постигна брилијантен гол дваесет минути подоцна за 1:2.
Арсенал изгледаше добро се до послендите минути од 7-минутното продолжение, кога по асистенција на стрелецот на голот Балард, резервистот Брајан Броби постигна израмнувачкиот гол.
Сандерленд е на трето место во моментов и им направи огромна услуга на Ливерпул и Сити, кои можат да ја намалат разликата доколку некој од нив победи во големото дерби во недела.

