Јувентус вечева не успеа да слави на домашен терен против екипата на Парма во еден од двата меча од 10. коло на Серија А лигата. „Старата Дама“ одигра само 2:2 против повратникот во елитата, екипата на Парма, која патем, двапати водеше со 0:1 и 1:2.
Головите за домашните со кои обезбедија макар бод ги постигнаа Меккени и Веа, додека радост за „млекарите“ двапати донесоа Дел Прато и Сом.
Во вториот меч вечерва, Аталанта сосема очекувано со 2:0 славеше дома против екипата на Монца и ја запиша шестата победа со која се најде на третото место на табелата.