Јошко Гвардиол, еден од најдобрите стопери во денешниот фудбал, член на Манчестер Сити и селекцијата на Хрватска, во интервјуто за ЕСПН, одговори на прашањето кој е најдобар во светот на фудбалот.
“Секогаш кога одговарам на тоа прашање, одговорот е ист – Лео Меси. Во три наврати имав можност да играм против него. Кога сака може без проблем да направи разлика на теренот и да го сврти натпреварот во корист на неговиот тим“ посочи Хрватот.
По ова во коментарите на социјалните мрежи, многумина веднаш се потсетија на полуфиналето на Светското првенство во 2022 година помеѓу Хрватска и Аргентина, кога Меси го надмудри Гвардиола со неколку брилијантни дриблинзи и му асистираше на Алварез за голот. Аргентина на крајот го освои Светското првенство, единствениот трофеј што му недостасуваше на Меси во својата кариера.