Реал Мадрид славеше на градското дерби против Хетафе и тоа на гостински терен со 0:1 со што направија одлична увертира пред претстојното „Ел Класико“. Иако Реал имаше повеќе посед на топката и повеќе шутеви, голот за победа дојде дури откако домашните останаа без еден фудбалер на теренот.
Во 77-та минута, Винисиус падна како покосен, а Ниом, кој влезе само минута порано, доби директен црвен картон кој беше крајно дискутабилен. Конфликтот меѓу играчите на Реал, па дури и тренерот на домашниот тим, им даде шанса на гостите кои многу брзо уште во првата акција по црвениот картон преку Мбапе постигнаа гол за 0:1.
Сепак, во 6-тата минута од судиското продолжение домашните имаа зицер за израмнување, но Куртоа го спаси „кралот“.