Напаѓачот на Вардар, и репрезентативец на Уганда, Роџерс Мато во моментов се наоѓа во инзвонредна голгетерска форма. Покрај погодоците во дресот на нашиот најтрофеен клуб, Мато продолжува да погодува и за неговиот национален тим.
Предмалку Уганда на свој терен го одигра мечот од квалификациите за Мундијалот против Мозамбик и победи со 4:0.
Роџерс Мато погоди за 2:0 со гол во негов познат стил, за да го зголеми водството и да донесе во тој момент резултатски спокој за тимот.
Уганда со оваа победа има сериозни шанси да се пласира на големото натпреварување, затоа што во моментов има 12 бода, и уште четири мечеви за играње.
youtube.com/watch?feature=shared&v=1kYm2SzTuIk