Мајорка со гостински триумф кај Севиља

18.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мајорка со гостински триумф кај Севиља

Тимот на Мајорка денеска заработи супер гостинска победа кај тимот на Севиља од 1:3. Во дуел во кој најпрво губеше, а потоа направи комплетен пресврт, Мајорка е екипата која реално ги заслужи трите бода.

Домаќинот Севиља добро го почна дуелот не ни помисливајќи дека на крајот ќе остане без ништо. Варгас погоди во противничката мрежа во 13. минута.

Ведат Муриќи го најави пресвртот во 67. минута, за да потоа како двоен стрелец се појави Матео Хосеп. Стрелаше во 72. односно 77. минута, а домаќинот потоа немаше сила за резултатски да се враќа.

Мајорка со овој триумф „бега“ од самото дно на табелата со осум освоени бодови. Севиља остана на сегашните тринаесет.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата