Првиот меч од денешната Примера програма во фудбалскиот шампионат на Шпанија, помеѓу екипите на Мајорка и Леванте заврши без победник 1:1. По тешко и врнежливо време за играње, домаќинот не успеа да ја искористи предноста на својот терен, туку уште рано во мечот имаше негатива. Ета Ејонг погоди во 22. минута за Леванте, односно за 0:1, и тој резултат беше активен се до самиот финиш на мечот.
Тогаш, Мафео изедначи во 79.минута на 1:1, и ги врати надежите на Мајорка за поволен резултат.
До крајор сепак, истиот не се промени, и екипите заработија по еден бод. Со ова, Мајорка и Леванте останаа со изедначени бодови, по девет, и се на делба на 14. место на табелата.

