Лука Модриќ урна рекорд – стар 64 години!

15.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лука Модриќ урна рекорд – стар 64 години!
Фото: ФЦ Милан Х

Фудбалерите на Милан ја победија Болоња со 1:0 во натпреварот од третото коло на Серија А. Единствениот гол го постигна Лука Модриќ, кој дебитираше во дресот на својот нов клуб.

Модриќ ја запиша првата асистенција за Милан во второто коло на Серија А откако изведе слободен удар што Рубен Лофтус-Чик го претвори во гол, а со вечерашниот гол испиша нови страници во историјата на Серија А.

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација стана најстариот играч од средниот ред што постигнал гол во долгата историја на италијанското првенство. Модриќ постигна гол на 40 години и пет дена, а претходниот рекорд го држеше поранешниот играч на Милан, Нилс Лидхолм, кој постигна гол против Интер на 26 март 1961 година на 38 години и 169 дена.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата