ЛШ полувреме: Шок за ПСВ во Ајндховен, без голови на „Сан Мамеш“

16.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ полувреме: Шок за ПСВ во Ајндховен, без голови на „Сан Мамеш“

Промис Давид од екипата на Унион Ст. Жилоа е човекот кој го постигна првиот сезонски гол во Лигата на шампионите. Белгискиот тим води со 2:0 на гостувањето во Ајндховен против екипата на ПСВ и најавува прво изненадување и тоа уште на стартот на новата сезона.

Вториот гол за гостите го постигна Ел Хаџ во 39. минута, па сега ПСВ во вториоте 45 минути ќе мора да се потруди да „спасува глава“ пред своите навивачи.

Во вториот меч на отворањето на новата сезона, Атлетик (Б) и Арсенал на одмор заминаа со почетните 0:0. Видовме голема борба, по неколку добри позиции за шут, но на крајот без голови. Фудбалот кој го покажаа и двата тима ветува многу интересно второ полувреме.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата