Ливерпул и дефинитивно е во криза. И не само поради вечерашниот пораз со 2:1 кај Челси, туку и поради играта и на овој а и на последните мечеви. Тимот на Арне Слот не е таа моќна “машина“ како до пред некоја недела или во текот на минатата сезона. Некаде чкрипи, а тоа го користи Арсенал кој сега е лидер на табелата со два бода повеќе од Ливерпул.
Ова е трет пораз во серијза “Редси“, нешто што не им се случило цели три години.
Каиседо во 14.минута донесе водство за “сините“, за да Гакпо во 63.минута израмни на 1:1.
Се играше 90+6.минута и се чинеше дека ова големо дерби ќе заврши без победник, но така не мислеше Естевао кој со убав гол му донесе голема победа на Челси.