Лига Куп: „Енфилд“ предвреме се празнеше, Ливерпул одново се избламира, Арсенал, Сити… без проблеми

29.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лига Куп: „Енфилд“ предвреме се празнеше, Ливерпул одново се избламира, Арсенал, Сити… без проблеми
ФОТО: Liverpool FC/FC

И дефинитивно Ливерпул е во страшна криза. Иако вечерва во меч од 1/8 финалето на Лига Купот во Англија одигра со “шарен“ состав, сепак најдобар доказ за тоа што мислат фановите е податокот дека трибините на „Енфилд“ на околу 20 минути до крајот на средбата со Кристал Палас предвреме се празнеа.

Кристал Палас победи со 0:3, како да нема крај на бламажата на тимот на Арне Слот.

Со двата гола на Сар и еден на Пино, Палас оди натаму.

Арсенал со 2:0 го победи Брајтон, стрелци беа Нванери и Сака. Манчестер Сити со 1:3 славеше кај Свонси и тоа со головите на Доку, Мармуш и Черки.

Челзи како гостин скавеше кај Вулфси со 3:4. Тимот на Мареска имаше водство од 0:3, но на крајот се “тресеше“ за победата.

И Њуксл со 2:0 го победи Тотенхем со головите на Шер и Волтемаде.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата