Леверкузен сигурен пред своите гледачи

26.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Леверкузен сигурен пред своите гледачи

Екипата на Баер Леверкузен забележа нова победа во осмото овогодинешно коло од Бундес лига шампионатот откако денеска на свој терен со 2:0 го совлада тимот на Фрајбург.

Квалитетот на домашните не дозволи никакво изненадување денеска, кои навреме дојдоа до водство во 22. минута преку Поку.

Истото се случи и во продолжението од мечот, кога во 52. минута Тапсоба зголеми на 2:0, наговестувајќи рутинска победа на Леверкузен.

Баер е четврти со 17 поени, додека пак Фрајбург остана на девет бода и е единаесетти.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата