Левандовски на лето прави сензационален трансфер во Манчестер Јунајтед?!

22.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Левандовски на лето прави сензационален трансфер во Манчестер Јунајтед?!
Фото: ФЦ Барселона/Твитер

Познато е дека на Роберт Левандовски договорот со Барселона му истекува во јуни, на крајот од оваа 2025/26 сезона. Исто така познато е дека каталонскиот гигант нема намера да го продолжи истиот со оглед на возраста на напаѓачот од Полска, но ако не сака Барса тогаш сака некој друг гигант и тоа од Премиер-лигата.

Имено деновиве медиумите на Островот наголемо пренесуваат дека нема ништо чудно да биде ако Роберт Левандовски на лето се пресели во Манчестер Јунајтед и тоа како слободен агент.

Секако дека оваа сензација е тешко остварлива ако се знае дека до Левандовски има бројни понуди од С. Арабија кои се далеку поголеми од она што Јунајтед може да му го понуди.

Па така останува да видиме дали во овие најави има барем нешто вистина или ќе се покажат како чиста шпекулација.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата