Лацио и Торино одиграа „Серија А“ класика во Рим

4.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лацио и Торино одиграа „Серија А“ класика во Рим

Екипите на Лацио и Торино предмалку во Рим го одиграа веројатно мечот на досегашниот дел на шампионатот во Серија А. Ремизираа 3:3 во меч во кој имаше од се по нешто.

Гостите преку Симеоне поведоа во 13. минута од мечот, за да во 24. Канцељери да израмни, а во 40. и да му донесе на Лацио пресврт од 2:1.

По паузата Адамс во 73. минута носи израмнување 2:2, а Коко во втората минута од продолжението погодува за ново гостинско водство од 2:3.

Сепак, домаќинот успеа да се спаси од пораз по многу драма и тринаесет минути продолжение во кое Лацио доби пенал, а Каталди истиот го реализираше за конечни 3:3.

Во вториот дуел од попладневната програма Лече на гостувањето кај Парма триумфираше со 0:1.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата