Лапорта удри по судијата Манзано: Нема фудбалер на Барса на кој не му даде црвен картон!

20.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лапорта удри по судијата Манзано: Нема фудбалер на Барса на кој не му даде црвен картон!
фото: Tiempo de Juego (X)

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта, по исклучувањето на тренерот Ханси Флик беше лут на судијата Хил Манзано. Претседателот на Каталонците вели дека ваквите постапки на Манзано не се нешто ново за овој судија.

„Овој човек ги исклучи речиси сите наши врвни играчи барем еднаш во последните години“, потенцирал првиот човек на Барса.

Барселона вчера потврди дека ја обжали казната на Флик, обидувајќи се да го врати на клупата на тимот за „Ел Класико“ пресметката со Реал (М) која е на програмата следната недела во 16.15 часот на „Сантијаго Бернабеу“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата