Во денешното деветто коло од Бундес лигашкиот германски шампионат, во дербито, тимот на Ред Бул Лајпциг дојде до победа од 3:1 против тимот на Штутгарт.
Резултатот беше отворен во последната минута од првиот дел кога Чабот си постигна автогол, а домаќинот поведе.
Диоманде во 53. минута направи 2:0, но Томас ги врати надежите на гостите. Во судиското продолжение, Ромуло Кардозо ги постави конечните 3:1.
Сент Паули на домашен терен доживеа мини дебакл, откако загуби со 1:4 од тимот на Гладбах. Остаантите три меча завршија со реми.
Резултати:
Хаиденхаим – Ајнтрахт 1:1
Маинц – вердер 1:1
РБ Лајпциг – Штутгарт 3:1
Сент Паули – Менхенгладбах 0:4
Унион Берлин – Фрајбург 0:0

