Куртоа: Сега е полесно, сега и Килијан и Арда мора да се враќаат назад

17.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Куртоа: Сега е полесно, сега и Килијан и Арда мора да се враќаат назад
фото: Real Madrid C.F. (X)

Голманот на Реал (М), Тибо Куртоа истакна дека сезонава чувствува дека е порастоварен во дефанзивата за разлика од минатата сезона.

„Сега тренерот инсистира сите – Килијан, Арда – да се вратат по топката, а тоа драматично ја менува играта. Тренерот исто така ме тера да играм повисоко, тоа е нешто што се промени во споредба со минатата година. Денес создадовме многу шанси, но двата гола беа постигнати од пенали. Сепак, заслуживме повеќе; создадовме повеќе шанси за гол. Требаше да извојуваме поубедлива победа. На полувремето, тренерот нè советуваше да играме на ист начин како што игравме во првото полувреме, но противникот почна да притиска помалку и се затвори, а ние бевме слаби со топката и често правевме неточни додавања“, рече голманот на Реал Мадрид, по синоќешната победа над Олимпик Марсеј од 2:1 на стартот на Лигата на шампионите.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата